Помошта за граѓаните беше ад хок мерка во момент кога тоа беше најпотребно. За најсиромашните и натаму ќе има поддршка. Вицепрмеиерот Битиќи вели дека тоа што во претходните пакети имаше картички за граѓаните не беше популизам. Вид на помош за најранливите ќе има и овој пат ќе има, а тоа ќе биде бришење на каматите за долговите кон јавните претпријатија. 

Поддршка за плати ќе има и за фирмите, но овој пат тоа ќе бидат бескаматни кредити кои под одредени услови делумно ќе станат грантови. Целта е да се зачуваат работните места и да се поттикнат фирмите да бидат успешни. Вицепрмеиерот Битиќи вели дека и досегашната поддршка за исплата на плата не била безусловна, а најтешката криза веќе помина и се помалку компании имаат потреба од ваква помош.

Во текот на оваа недела социјалните партнери уште еднаш ќе се состанат за да ги дефинираат до крај деталите за петтиот пакет мерки кој ќе тежи – околу 50 милиони евра. Очекувањата се дека до крајот на овој месец тој ќе биде на располагање на фирмите и граѓаните.

Лани Владата издвои околу милијарда евра за четири пакет мерки, од нив беа искористени околу 350  милиони евра, за останатите пари потребни се законски измени кои се заглавен во Собрание.