rusija naftaНафтените пазари се стабилизирани, откако кинеската централна банка презема дополнителни мерки за поддршка на економијата.

На лондонскиот пазар цената на нафта остана речиси непроменета во однос на претходното затворањето и се тргуваше на 43,41 $. Големи промени во цената немаше дури и на пазарот во САД, каде се тргуваше на 39,46 $.

Кина во вторникот ја спушти референтната каматна стапка и нивото на потребните резерви на банките и на пазарот внесе 21,8 милијарди долари за зголемување на кредитирањето и поддршка на реалната економија.

Кинеските потези ги стабилизираа пазарите за стоки, но се уште има претпазливост. Евентуалниот раст на цените ќе биде ограничен со оглед дека проблемот на прекумерна понуда веројатно нема да биде решена во краток рок.

Дека ќе биде тешко да се намали сегашната презаситеност на светските пазари покажува и фактот дека пазарот скоро и да не реагираше на фактот на значителното намалување на залихите на сурова нафта во САД минатата недела, за 7,3 милиони барели, се вели во извештајот на американскиот институт нафта (API). Аналитичарите очекуваа раст од еден милион барели.

Од јуни цената на нафтата падна за повеќе од 30 проценти, под влијание на силното производство во САД, зголеменото снабдувањето од Блискиот Исток и стравувањата од намалување на побарувачката на азиските економии.