Комитетот за заштита на потрошувачите и внатрешен пазар на Европскиот парламент вчера го изгласа предлог-законот за забрана на вградени дефекти и програмирана застареност на производите.

Тоа е дел од новата директива на ЕУ за зајакнување на позицијата на потрошувачите во т.н. зелена транзиција. Билјана Борзан, хрватска пратеничка во Европскиот парламент и претседател на оваа комисија, неодамна објави истражување кое покажа дека во Хрватска дури 94 отсто од граѓаните веруваат дека уредите произведени пред 20 години траат подолго од оние од поновото производство.

Исто така, докажано е дека уредите најмногу се расипуваат помеѓу втората и третата година на користење, односно веднаш по истекот на двегодишната законска гаранција.

– На овој начин ја ставам до крај борбата за заштита на потрошувачите од вградени дефекти, која ја започнав уште во 2014 година. Според законот, ќе обезбедиме подолг век на траење на уредот, подобра можност за поправка и сервисирање и поевтини и достапни резервни делови. Она што е ново е што оваа регулатива забранува вградување на компоненти кои го ограничуваат времетраењето на уредот и продажба на производи за кои е докажано дека имаат вградени дефекти, рече Борзан.

Инаку, истражувањата покажаа дека 90 отсто од граѓаните сметаат дека резервните делови се прескапи, а 78 отсто од нив сметаат дека уредите треба да имаат ознака дали можат лесно и ефтино да се поправат во случај на дефект, објави Политика рс.