Г- дин Горан Глигоровски – Генерален директор на Л.И.Ф.Е, Г-ѓа Валентина Тасева – Генерален директор на Семос Едукација и Г- дин Лазар Ѓуров – Основач и претседател на Институт СИМБИОТИКА ќе бидат гости на новото 29-то издание на Бизнис Кафе Македонија, кое ќе се оддржи во четврток 31.05. во Next Bar & Food (поранешно Every day) во Скопје со почеток од 18:00 часот.

 

 

Одличните говорници се гаранција дека не очекува уште едно специјално Бизнис Кафе каде покрај пријателската атмосфера, топлата дружба и новите деловни контакти – ќе станеме побогати и за нови знаења и пренесени лекции за различни деловни искуства со кои говорниците имале можност да се соочат во нивните богати кариери.

Бизнс Кафе Македонија е прв и единствен настан од овој тип во Македонија и на него се поканети да присуствуваат сите деловни луѓе, претприемачи и менаџери.

За да си обезбедите место, потребно е да купите карта од овој ЛИНК или на фактура со резервација на следниов маил: [email protected]. Првото кафе е на сметка на организаторот. Ваше е донесете насмевки, многу визит карти и позитивно расположение!