Министерството за финансии за утре закажа аукција на државни обврзници со кои државата ќе се задолжи за нови 2,4 милијарди денари односно околу 39 милиони евра.

Ова е едно од низата задолжувања што Владата ги направи од почетокот на годината но сега се задолжува сред претседателска кампања.

Економистите коментираат дека со ваквото динамично темно на задолжување непропатено со исто динамично темпо на капитални инвестиции македонската економија се движи кон колапс. Капиталните инвестиции се од витално значење на економијата, а со нив тесно е поврзано и градежништвото кое е еден од носечките столбови во градењето на Бруто домашниот производ.