Нов заем во вредност од 50 милиони евра денеска планира да земе Министерството за финансии од банките и осигурителни друштва.

Нов заем во вредност од 50 милиони евра денеска планира да земе Министерството за финансии од банките и осигурителни друштва.

На две аукции ќе се понудат државни хартии од вредност со рочност од 3 и 15 години, со каматни стапки од 0,90%, 1,50 и 2,90%.

Државата утре треба да врати иста сума на доспеан долг.

Според Министерството за финансии, заклучно со првото полугодие јавниот долг изнесува 4,3 милијарди евра или 39,9 отсто од БДП.