Новата година започна со ново задолжување. Владата се задолжи со сума од 189 милиони евра од домашните банки. Според информациите Владата издаде две државни обврзници, едната на 71 милиони евра, а другата на 118 милиони евра. Рокот на доспевање е значително кус, односно првата треба да се вртати за две а втората обврзница за три години.
Од Илинденска број два засега нема информација за што ќе се трошат овие речиси 200 милиони евра. Според календарот на Министерството за финансии за враќање на стари долгови, во периодот што следи треба да се вратат речиси 40 милиони евра, но таа сума е далеку помала од новото задолжување на Владата.