Парното ќе поскапи за 14 %. Со ова се враќаме на ниво на цена на топлинската енергија од 2018 година.

За истиот процент ќе се зголеми цената и на топланите Скопје Север и Железара, бидејќи енермно е зголемен трошокот за природен гас и за овие топлани.

Ова на денешната пресконференција го соопшти Марко Бислимовски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика.

РКЕ не може да прифати високи ценовни шокови за граѓаните, рече тој, наведувајќи дека цената на гасот на светските берзи е многу повисока, но се направиле нпори овој ценовен товар да не биде многу висок за кориснците на топлинска енергија.

Ако една сметка за парно, била на пример 1.500 денари, таа ќе се зголеми за 210 денари и ќе изнесува 1.710 денари.

„Цената на природниот гас која е во момоентов ја има доставено БЕГ до Регулаторната комисја за енергетика е 1.480 долари за нормален метар кубен гас, тоа е највисока цена откако го користиме гасот. Ако влземе во калкулции врз основа на оваа цена на гасот, цената на парното би се зголемила за 190 отсто. Но, тоа не е решение и само ќе ги влоши состојбите и во секторот на топлинска енергија и во енергетскиот систем. Ова е проблем на цел свет. РКЕ не може сама ова да го реши, ниту, пак, би било фер целиот овој товар да го префрли на граѓаните. Затоа  ние влегуваме со калкулација за цена од 340 долари за нормален метар кубен гас. Лани таа цена беше 240 долари. Во реалноста цената е зголемена за пет пати, но не можеме целиот товар да го префрлиме врз потрошувачите“, рече Бислимовски.

Затоа цената на парното ќе се зголеми за 14 отсто.

Бислимовски нагласи дека вкупниот трошок по реалната цена за јануари е 13,8 милиони евра, а со ова поскапување од 14 отсто РКЕ признава трошок од 4 милиони евра.

„Значи има разлока од 9 милиони кои треба да се покријат. Потрошувачите тоа не можат да го покријат, и затоа треба да се подметнат сите чинители во секторот, а и сите останати институции“, рече Бислимовски.

Овие одлуки за зголемување на цените, вчера на струјта, а денеск на парното, се тешки, рече првиот човек на РКЕ, но како што нагласи, од нив не смее да се бега.

Тој упати апел да помогнат Владата, Гардот Скопје и општините. Владата веќе почнала со подготовки за покривање на овој трошок.

„Упатувам барање до Градот Скопје и до општините да помогнат во покривање на дел од овој трошок. Според калкулациите, таа нивна помош би изнесувала 250 илјади евра месечно. Ако некој смета дека ова е голем товар, во ред, јас смета дека овие средства може да се обезбедат“, нагласи Бислимовски.

На новинарско прашање, дали во услови на овој огромен пораст на цените на гасот на светскиот пазар, БЕГ не може да почне ра работи на мазут, Бислимовски рече дека тоа е возможно, односно котлите на БЕГ дозволуваат пренасочување и работење со мазутот како енергенс.

„Но, ако сега БЕГ почне да работи на мазут, тоа значи дека ќе мора да работи така до крајот на грејната сезона, односно до април. Мазутот е голем загадувач на животната средина и јас како енергетски експерт не оправдувам БЕГ да работи на мазут. Но, доколку се дојде до крајна ситуација, да не може да се обезбеди природен гас или цената негова енормно да се зголеми, може да се размислива и за таа опција, но само како крајна алтернатива. Инаку, БЕГ има обврска секогаш да има алтернативно гориво за работа за рок од 15 дена за премостување на неповолни ситуации“, рече Бислимовски.