Земјоделките индивидуални осигуренички за прв пат ќе користат платено породилно отсуство

2023-02-07 18:00

Владата денеска донесе одлука со која ја усвои предлог-програмата за обезбедување на социјална сигурност за жените земјоделки. Со програмата, за прв пат се решава правото на користење на надоместок за мајчинство за жените кои поради раѓање се спречени да ја врашт земјоделската дејност, право...

Македонија се претставува пред инвеститори за задолжување со еврообврзница

2023-02-07 17:00

Нова еврообврзница во игра. Македонија денеска се претстави пред потенцијалните инвеститори на повикот кој го органзиираше Дојче Банк, Сити Банк и ЏП Морган. Но, на првиот ден нема заинтересирани купувачи. Неофицијално земјава сака да издаде 4 годишна еврообврзница, вредна околу половина милијарда евра. Адутот...

До 800 денари субвенции за струја на домаќинствата со ниски приходи! Аплицирање до крајот на февруари

2023-02-07 16:00

Продолжува субвенционирањето на сметките за струја на најранливите категории граѓани. Годинава за оваа мерка се предвидени 60 милиони денари или еден милион евра. Како што соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши, субвенцијата ќе изнесува 600 до 800 денари, а јавниот повик е веќе објавен на...

Охрид: Проектите за зачувувањето на статусот во УНЕСКО би чинеле 13 до 14 милиони евра

2023-02-07 15:00

Охрид е дефинитивно бисер на Македонија, бисер на Балканот. Не доволно си го цениме, прво охриѓани, а потоа и сите ние во државата не можеме да го сфатиме значењето. Негативните статии само докажуваат какви како личности сме ние Македонците, а не кажува за тоа...

Мицкоски: СДСМ за 5 години јавниот долг го зголеми за 2,916 милијарди евра

2023-02-07 14:00

Во периодот од 1 јануари 2018 година до 31 декември 2022 година, за пет години владата на СДСМ го зголеми јавниот долг од 4,787 милијарди евра на 7,703 милијарди евра, или за 2,916 милијарди евра, а државниот долг за истиот период е зголемен од...

НБ: Ажурирање на податоците на граѓаните во банките мора да биде редовно

2023-02-07 13:00

Комерцијалните банки согласно постојната законска регулатива треба редовно да ги ажурираат личните податоци на клиентите. Секоја банка со интерен акт ја определува фреквенцијата на ажурирање на документите и податоците потребни за следење на деловниот однос со клиентите, а клиентите при промена на некој од...

Во Халкбанк отворена донаторска сметка за помош за настраданите од катастрофалниот земјотрес во Туркије

2023-02-07 12:00

Во Халкбанк АД Скопје отворена е донаторска сметка за помош за настраданите од катастрофалниот земјотрес што го погоди централното подрачје на Кахраманмараш-Пазарџик во Туркије. Сите кои сакаат да донираат средства, уплатата можат да ја направат на сметката 270-0641538507-69, со назнака МАТТО ПОМОШ ЗА НАСТРАДАНИТЕ...

„Лидл“ воведува големи промени – што можат да очекуваат клиентите

2023-02-07 11:00

„Лидл“ има нова стратегија за промена на асортиманот на производи. Во иднина процентот на производи од животинско потекло ќе се намалува, пишуваат германските медиуми. Какви промени можат да очекуваат потрошувачите сега? Сè повеќе вегетаријански и вегански производи има на полиците на супермаркетите и продавниците...

Доларот зајакна, цената на нафтата порасна!

2023-02-07 10:00

На азиските берзи цените на акциите благо пораснаа, враќајќи дел од вчерашните загуби, но тргувањето е претпазливо бидејќи централните банки продолжуваат да ги зголемуваат каматните стапки. Индексот MSCI на азиско-пацифичкиот регион, без Јапонија, околу 7 часот порасна за 0,4 отсто, откако вчера падна за...

Битиќи: Во март линеарно зголемување на платите во јавниот сектор

2023-02-07 09:00

За минималната плата и пензиите имаме системско решение постигнато преку социјален дијалог, рече вицепремиерот за економски прашање Фатмир Битиќи. -За ова веќе ќе нема уценувања, ќе нема наддавања меѓу синдикати и работодавачи. Дефиниравме заедно методологија, критериумите за пораст се трошоците за живот, односно инфлацијата...