Поевтинуваат дизелот и мазутот, бензините со иста цена!

2023-01-09 17:00

Од вечерва на полноќ нови цени на горивата. Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се намалува 1,00 денар/л, а малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува 0,50 денари/л. Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ не се менуваат. Малопродажната...

За влез во Грција граѓаните ќе треба да плаќаат и нова такса од 7 евра за човек!?

2023-01-09 16:00

Од туристичките агенции велат дека се информирани за најавите дека за влез во некоја од земјите членки на ЕУ, од 2023 година ќе треба да се издвојат 7 евра, но се уште немаат добиено официјални информации од кога, како и каде ќе треба да...

На угостителството во Србија му недостигаат 20-25 илјади работници

2023-01-09 15:00

Трговија и продажба, администрација и средно раководни позиции се четирите најбарани позиции во огласите на „Инфостуд“ на српскиот пазар на труд. Во првите две области речиси секогаш броеле повеќе од 5.000 огласи годишно, но минатата година имало нагло зголемување на огласите за такви позиции,...

„Вечерњи лист“: На Хрватска и се заканува нов бран иселувања поради инфлацијата и поскапувањата

2023-01-09 14:00

Нов емигрантски бран и се заканува на Хрватска, пишува загрепски „Вечерњи лист“, притоа како причина наведувајќи ги новите поскапувања последица воведувањето на еврото и високата инфлација. „Ако младите со просечна плата од илјада евра не можат да си дозволат стан кој чини две, три...

Аргентина и Кина го официјализираа договорот за размена на валути

2023-01-09 13:00

Аргентина и Кина го официјализираа проширувањето на договорот за размена на валути, дозволувајќи ѝ на јужноамериканската земја да ги зголеми исцрпените девизни резерви, соопшти во неделата аргентинската централна банка, пренесува Ројтерс. Владата на Аргентина треба да ги обнови резервите за да ги покрие трговските трошоци...

Франција го казни Мајкрософт со 60 милиони евра за рекламни „cookies“ на корисниците

2023-01-09 12:00

Француското регулаторно тело за заштита на корисничката приватност соопшти дека го казнила американскиот технолошки гигант Мајкрософт со 60 милиони евра за наметнување рекламни „колачиња“ на корисниците. Во најголемата казна изречена во 2022 година, Националната комисија за технологија и слободи на Франција (CNIL) посочи дека...

Околу 40% од компаните во Германија очекуваат пад на деловната активност оваа година

2023-01-09 11:00

Четири од десет германски компании очекуваат нивниот бизнис да се намали во 2023 година, наведувајќи ги како причина за тоа високите трошоци за енергија, проблемите со синџирите на снабдување и тековната војна во Украина. „Ризикот од недостиг на гас во зимската сезона 2022/23 повеќе...

За пензии годинава се планираат 1,2 милијарди евра, државата ќе помага со 500 милиони

2023-01-09 10:00

Пари анализа: Движење на пензии, придонеси и државни трансфери во последните 5 години За пензии годинава се планирани 1,2 милијарди евра. Тоа е дури 119,3 милиони евра, или 10,8 проценти повеќе отколку од ребалансираниот буџет за 2022 година, кога биле наменети 1,1 милијарди евра....

Доларот зајакна во однос на кошничката валути на почетокот на 2023 година

2023-01-09 09:00

На светските пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути порасна во првата недела од новата година, но курсот на американската валута во однос на еврото и другите валути значително флуктуираше во зависност од економските показатели. Индексот на доларот, кој го покажува движењето...

Најпознатата криптовалута на пат да стане неважна!

2023-01-09 08:47

Криптовалутите закрепнаа на почетокот на новата година, но проблемите за крипто индустријата не се завршени по спектакуларниот колапс на FTX. Солана порасна за дури 35 отсто, додека Етерот порасна за пет отсто, со што цената се врати над 1.250 долари за прв пат од...