Годишен раст од 7,8% на вкупните депозити и од 8,3% на вкупната кредитна поддршка во декември

2022-01-21 19:00

Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај потрошувачките и станбените кредити како најзастапени категории е забележан месечен раст од 0,9% и 1,4%, соодветно, при годишен раст од 7,2% и 15,5%, соодветно. Автомобилските кредити, овој месец, се намалени за 0,3% и 15,9%,...

ЕСМ ќе добие 6 милиони евра од Владата за да го преземе управувањето со БЕГ и Скопје Север

2022-01-21 18:00

Владата ќе префрли шест милиони евра на сметката на АД ЕСМ за да го преземе управувањето, дистрибуцијата, снабдувањето и производството на топлинска енергија за град Скопје за целата грејна сезона од моменталниот носител на лиценцата БЕГ, потврди денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Овие...

Просечната нето плата речиси 30.000 денари, годинава надеж за раст на минималната на 18.000 денари!

2022-01-21 17:00

Премиерот Димитар Ковачевски на својот официјален фејсбук профил објави дека растот на просечната плата продолжува. -Во ноември 2021 година просечната исплатена нето – плата изнесувала 29.130 денари. Имаме зголемување за 5,6% во однос на истиот месец 2020 година. Тоа се 1.542 денари повеќе споредбено со...

Потребни ви се вистински луѓе за успех, но уште поважно е да ги позиционирате на вистинското место

2022-01-21 16:00

Интервју со Бујар Драла HR менаџер во СН финансии По професија сте правник, но работите како HR во СН финансии. Човековите ресурси во последните години играат значајна улога за сериозни компании. Многумина сметаат дека оваа професија, за која до неодамна не се знаеше многу,...

„Гласен текстилец“: Некои фирми исплаќале по 100 денари К-15, а 46 ни денар!

2022-01-21 15:00

До НВО „Гласен текстилец“ стигнале пријави од работници од 62 фирми низ земјава дека не им е исплатено или добиле минимален износ од 100 или 500 денари регрес за годишен одмор, познат како К-15. Како што изјави Кристина Ампева од НВО „Гласен текстилец“, пријави...

За земјоделски субвенции предвидени 6.14 милијарди денари

2022-01-21 14:00

Платежната агенција годинва ќе располага со буџет од 6.14 милијарди денари од кои околу 5,6 милијарди се наменети за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Предвидена е и нова мерка за помош на малите бизниси со која може да добијат најмногу до 10...

Германија планира секоја година да привлекува по 400.000 квалификувани работници од странство

2022-01-21 13:00

Новата германска коалициска Влада сака секоја година од странство да привлекува по 400.000 квалификувани работници, со што смета дека би го решила проблемот со демографската нерамнотежа и недостигот на работници во клучните сектори, проблем кој би можел да го забави економското закрепнување по пандемијата....

ЕСМ од денеска го презема управувањето со БЕГ

2022-01-21 12:00

Откако Владата вчера го одобри текстот на Договорот за деловно-техничка соработка, со кој се регулираат меѓусебните права на Производство на топлина Балкан Енерџи (БЕГ) и Електрани на Северна Македонија (АД ЕСМ), од денеска ЕСМ треба да го преземе управувањето со топлинската енергија. – Согласно...

Bank of America шампионски ја заврши 2021

2022-01-21 11:00

Bank of America објави квартален раст на добивката од 30 отсто, што е подобро од очекуваното. Добивката беше поттикната од растот на вредноста на кредитите и рекордниот обем на спојувања и превземања во делот на инвестициското банкарство. Со доволно готовина и охрабрени од зголемените...

Биткоинот падна за 7%, а етериумот за 8% во последните 24 часа!

2022-01-21 10:00

Цените на криптовалутите драстично паднаа во последните 24 часа. Биткоинот падна за повеќе од 7 отсто и се тргуваше за 38,5774 долари во 23:19 часот по источно време, според податоците од платформата CoinDesk. Етериумот, втората најголема криптовалута по пазарна капитализација, потона за 8 отсто...