Во метежот на секојдневието често забораваме да ги побараме нештата кои барем малку ќе ги направат полесни одговорностите и обврските. Сигурно секој од нас, пред сѐ, сака своите лични финансии да ги направи што поефикасни и побезгрижни и притоа да си дозволи максимална финансиска слобода.
Дали сте се запрашале како најлесно да го постигнете тоа? Само доколку банката преку која ја примате вашата плата ги следи вашите потреби и вашите желби, го цени вашето време, гради однос на доверба и разбира колку е важна вашата финансиска сигурност. И притоа ви нуди огромен избор на можности и привилегии.
Вашата плата преку сметка во Комерцијална банка ви овозможува пристап до неограничени финансиски можности, низа привилегии и дополнителни бесплатни услуги кои ги прават вашите лични финансии ефикасни и лесно достапни. Комерцијална банка ви нуди бесплатно отворање трансакциска сметка и дебитна картичка со бесплатна членарина за приматели на плати, при што постапката за аплицирање за овие услуги е лесна и брза и достапна онлајн. Активирањето на трансакциската сметка и потпишувањето на документацијата се прави при подигање на дебитната картичка во избраната експозитура за комуникација.
Со вашата плата преку Комерцијална банка располагате кога сакате и како сакате бидејќи дебитната картичка ви овозможува да подигате готовина без провизија на широка мрежа од 171 банкомат, како и во експозитурите и филијалите низ целата држава. Освен за подигнување готовина дел од банкоматите можe да се користат и за уплата на готовина – cash in, услуги кои ви се достапни 24/7. Дебитната картичка е извонредно практична за брзо и безбедно плаќање без провизија во продавница во која било земја или онлајн со 3DES Secure највисоко ниво на безбедност, а можете да бирате помеѓу Mastercard и Visa картички.
Кога станува збор за финансирање на вашите планови, желби и потреби на располагање имате широк избор на наменски и ненаменски кредити, како и можност за одобрување дозволен минус во висина на две плати. Како клиент која својата плата ја прима преку сметка во Комерцијална банка имате целосна слобода да го одберете најсоодветниот кредитен производ за вас, а притоа ќе добиете и уште поголема сигурност и мирна иднина со избор на полиса за осигурување на отплатата на кредитот преку осигурителните компании на групацијата Триглав.
Искористете ги привилегиите и можностите што ви ги нуди Комерцијална банка преку вашата плата и ужувајте во вашата финансиска слобода.