Германското Министерство за финансии планира да го зголеми прагот на данокот на доход и малку да ги зголеми детските додатоци како одговор на највисоката стапка на инфлација во земјата во последните децении, објавија во вторник владини претставници.

Така, неоданачениот износ на приход треба да се зголеми на 10.632 евра од следната година, а потоа на 10.932 евра во 2024 година, од сегашните 10.347 евра.

Понатаму, треба да се подигне лимитот на доходот на кој се применува највисоката даночна стапка – па од следната година со највисока стапка ќе се оданочува годишниот приход од 61.972 евра, а во 2024 година од 63.515 евра. За споредба, сега со највисока стапка се оданочува годишниот приход

Надлежните најавуваат и дека детскиот додаток за првите две деца ќе се зголеми за 8 евра, на 227 евра месечно во 2023 година.

Како резултат на планираните даночни промени, даночните приходи треба да се намалат за 10,12 милијарди евра следната година и за 17,5 милијарди во 2024 година.

Овие планови на германскиот министер за финансии Кристијан Линднер, од про-бизнис партијата Слободни демократи, имаат за цел да обезбедат одредено олеснување за домаќинствата откако инфлацијата достигна 8,5 отсто во јули, поттикната од скокот на цените на храната и енергијата.

Сепак, коалициските политичари од партијата на Зелените, како и екстремно левичарската партија Линка, веднаш ги нападнаа овие планови, тврдејќи дека од нив најмногу имаат корист за богатите.

„Мерки за даночни олеснувања вредни милијарди евра, од кои имаат три пати повеќе корист оние што заработуваат повеќе од оние со ниски примања – тоа не е во согласност со ситуацијата“, изјави портпаролката за финансиски прашања на Зелените за новинската група РНД.

Германското здружение за социјални грижи, пак, најави дека детскиот додаток треба да се зголеми за најмалку 10 отсто, односно 22 евра. Оние кои навистина сакаат да им помогнат на семејствата да не се забавуваат со кикиритки“, велат од здружението.