Македонија2025 го објави отворениот повик за проектот ЛИДЕР, кој по 14-ти пат ќе се одржи од 3-ти до 14-ти мај 2022 година во Скопје. Проектот го реализирaaт во соработка со Ivey Business School – Western University, кои ја организираат програмата уште од 1991-та година.

Краен рок за аплицирање: 15 март 2022 год.

Дали ви треба практично знаење  и искуство за подобрување на вашата деловна активност?

Дали имате бизнис идеја, но не знаете дали сте на вистинскиот пат?

Научете ги сите чекори за започнување и водење успешен бизнис. Аплицирајте за обуката за развој на деловни активности и претприемништво – проектот ЛИДЕР.

Македонија2025 објавува отворен повик за проектот ЛИДЕР кој по 14-ти пат ќе се одржи од 3-ти до 14-ти мај 2022 година во Скопје. Проектот го реализираме во соработка со Ivey Business School – Western University, кои ја организираат програмата уште од 1991-та година. Оваа програма претставува десетдневна MBA (Management and Business Administration) обука, која ги охрабрува и поттикнува македонските претприемачи да развијат локални бизнис решенија, кои ќе создадат нови можности за социјален и економски општествен развој.

Учесниците ќе имаат можност да ги развијат своите аналитички вештини и во целост да го развијат чувството за бизнис. Покрај тоа, учесниците ќе можат одблизу да работат со инструкторите од проектот ЛИДЕР, со цел да ги претворат своите идеи во реални бизниси на пазарот или пак да воведат новитети во работењето на својот веќе постоечки бизнис. Без разлика на која група припаѓате, проектот ЛИДЕР ќе ви помогне да стигнете чекор поблиску до реализирање на вашите цели!

Целна група:

  • Учесници до 35 години
  • Претприемачи
  • Менаџери
  • Сопственици на компанија
  • Млади професионалци кои сакаат својата бизнис идеја да ја претворат во реалност или да напредуваат во својата кариера
  • Сите кои се заинтересирани да ги продлабочат своите знаења од сферата на бизнисот и претприемништвото

Критериуми за учество на програмата:

  • Одлично познавање на aнглискиот јазик
  • Солидни комуникациски и презентациски вештини
  • Поседување иновативна бизнис идеја или бизнис со потенцијал за раст
  • Љубопитност за стекнување нови знаења и желба за унапредување на нечија деловна идеја или постоечка дејност
  • Силен поттик за професионален раст
  • Целосна посветеност и присуство секој работен ден (четири часа) во текот на двонеделната обука

Клучни придобивки:

  • Ќе ги научите потребните вештини и алатки за правилно водење на бизнисот преку интерактивниот метод на учење со „студии на случај“.
  • Ќе се стекнете со корисни знаења и вештини за секоја фаза од развој на бизнисот, поврзани со изработка на стратегија, финансии, маркетинг, промоција, продажба и развој.
  • Ќе имате можност да ги идентификувате најголемите пречки во работењето на вашиот бизнис, во соработка со инструкторите.
  • По завршување на предавањата, кандидатите ќе имаат можност за индивидуална менторска сесија со некој од инструкторите од Ајви школата и/или ментори обезбедени од Македонија2025.

Предавањата ги подготвуваат висококвалификувани инструктори и ментори од Ivey Business School – Western University од Канада.

Модели за испорака на програмата:

Програмата е планирано да се реализира со физичко присуство.

Програмата ќе испорача десет (10) четиричасовни сесии. Секоја сесија вклучува една (1) студија на случај, едно (1) предавање и еден (1) час обука за претприемништво.

Поради неизвесноста природа на Ковид-19 пандемијата во нашата земја и/или во Канада, програмата може да се реализира виртуелно.

Време и место на одржување:

Оваа година, проектот ЛИДЕР ќе се одржи од 3-ти до 14-ти мај, 2022 во Скопје.

Предавањата во склоп на проектот ЛИДЕР, ќе се одвиваат секој работен ден (4 часа на ден) во Скопје. Точната локација ќе биде дополнително објавена.

Начин на аплицирање:

За да аплицирате, испратете ги следните документи на [email protected]:

  • Пополнета апликација, достапна на следниот линк ОВДЕ
  • Биографија– CV Europass или слична форма (на англиски јазик)
  • Описна биографија до 200 зборови (на англиски јазик)
  • Фотографија во боја