Датумот 1 јануари 2024 година останува краен рок за влез на Бугарија во еврозоната, потврди вицепремиерот Асен Василев во одговор на прашање од Демократска Бугарија, пишува бугарски Новините.

Владата ќе спроведе широка информативна кампања пред официјалното прифаќање на еврото, нагласи Василев.

-Во моментов сме технички целосно подготвени да го усвоиме еврото, има некои мали работи кои треба да се завршат, така што датумот 1 јануари 2024 година не е никако загрозен. Поентата е правилно да се води кампањата за подигање на свеста за сите да можат да разберат што значи прифаќање на еврото, додава бугарскиот вицепремиер.