Од први март наредната година граѓаните повторно ќе можат да плаќаат сметки во пошта. Директор на АД „Пошта“ Јани Макрадули денеска кажа договорот со „Халк банка“ ќе биде потпишан до крајот на годинава, по што ќе имаат обврска во рок од два месеца да започнат со работа.

„Провизијата за плаќање сметки во пошта е најмала и ги замолувам граѓаните да имаат трпение. Ние како универзален оператор имаме обврска да одржуваме 330 точки низ државата. Има места во кои не можете да платите сметки на друго место освен во пошта бидејќи на банките не им се исплати да имаат филијали во руралните средини“, кажа Макрадули на денешната прес-конференција.

„Пошта“ остана без платен промет во август година по пропаѓањето на „Еуростандард банка“ со која имаше склучено договор. Оттогаш филијалите на пошта функционираа само за испраќање на пратки и писма.

Макрадули кажа дека долговите на „Пошта“ се околу 10 милиони евра.