Со цел да се избегне ризикот од ширење на COVID -19, исплатата и овој месец исплатата на пензиите започна предвреме.

Исплатата на јулските пензиите на шалтерите во банките ќе се реализира во четири групи, во зависност од висината. Денеска се исплаќаат најниските пензии, до 11.000 денари.

Готовинската исплата на пензиите ќе се одвива согласно следниот распоред:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплата се врши на 28.07.2020 година (вторник);
За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 29.07.2020 година (среда);
За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 30.07.2020 година (четврток); и
За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 31.07.2020 година (петок).

Пензионерите кои користат платежна картичка парите веќе може да ги подигнат на банкомат или да ги користат за плаќање во трговската мрежа.