Стопанската комора за Енергетика реагира дека стопанството влегува во економска криза со очекуваната одлука на денешната владина седница за препорачана цена на електричната енергија која веќе во четврток ќе биде доставена како понуда до ЕВН Хоме Владата на затворена седница ќе го разгледува финансискиот и планот за производство на електрани за 2022 година.

„ПОДГОТВЕТЕ СЕ !!! Од денес влегуваме во ЕКОНОМСКА КРИЗА !!!

Доколку се држи ВЕШТАЧКИ енергетската криза и цената на струјата се зголеми само за 20%, од 36.8евра/MW на 44.16евра/МW – тогаш :

компаниите и граѓаните ќе мора да ја плаќаат разликата за струја што ќе ја купуваат на берза или од лиценцираните снабдувачи поголема од 350 евра/МW.

( Некој мора да ја плати разликата – а кој друг ако не граѓанинот и компаниите ).“, реагира комората на социјалните мрежи, делумно цитирајќи ја и изјавите на претседателот Ѓорги Манасков, дадена за ТВ24.

Комората очекува зголемување на цените на производите, квантитативно зголемување на казните, инспекциските контроли, отпуштања од работа, банкротирање на фирми, затворање и намалување на работни места. Според комората, ќе следуваат и конфликти, со што би се исполниле критериумите за економска криза.