Од денеска, 15 ноември, во Македонија стапува на сила обврската за поседување зимска опрема во возилата, која ќе важи до 15 март 2027 година.

Возачите што нема да ја поседуваат задолжителната зимска опрема се соочуваат со парична казна од 45 евра во денарска противвредност. Полицијата може да извршува контроли и да утврдува дали возилата ја поседуваат пропишаната опрема. Во одредени ситуации, особено кога постои опасност за безбедноста на сообраќајот, полициските службеници можат да наредат и прекин на натамошното движење на возилото.