Оваа 2018 година за биткоинот е очигледно лоша. Во моментов, биткоинот  падна под 7.000 долари.

 

 

Тоа значи дека  оваа виртуелна валута падна за околу 50 отсто од почетокот на годината. Треба да се потсетиме дека во декември, односно пред четири месеци биткоинот  се тргуваше за близу 20.000 долари, а потоа во јануари неговата цена изнесуваше околу 14.000 американски долари.

 

 

Последните загуби беа реакција на забрзана крипторегулација, која беше најавена во Европа и Азија.

 

 

Во Јапонија оваа недела, две платформи за виртуелна размена се затворени среде зголемената контрола на финансиските регулатори во земјата. Две такви компании не успеаја да обезбедат лиценца од Јапонската агенција за финансиски услуги.

 

 

Јапонија е една од земјите во кои минатата година експлодирала трговијата со биткоин  и други дигитални валути.

 

 

Други популарни виртуелни валути, како што се етерум и рипс, исто така, неодамна паднаа.