Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ), донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати. Тие се намалуваат во просек за 0,98 отсто.

Од ноќеска на полноќ, цените на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за еден денар по литар, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за половина денар.

Согласно најновата одлука, од вечерва цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 83,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 81,5 денари за литар, додека литар дизел гориво ќе се продава по цена од 76 денари.

Се намалува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство, и тоа за еден и пол денар по литар, па од полноќ истото ќе чини 75 денари за литар.
Зголемување има само кај цената на мазутот, која по поскапувањето од 0,064 денари за килограм, ќе изнесува 41,266 денари за килограм.