Бензините поскапуваат за 2 денари по литар. Од полноќ, дизелот ќе биде поскап за 1 денар. Ваква одлука донесе денеска Регулаторната комисија за енергетика на својата седница.

Според тоа, од полноќ, ЕУРОСУПЕР БС 95 ќе се точи за 64,5 денари по литар, а ЕУРОСУПЕР БС 98 за 66,5 денари.
Литар дизел од полноќ ќе чини денар поскапо и ќе се продава по цена од 61 денар.