Бензините и екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден и пол денар за литар, а цената на дизелот останува иста. Новата цена на Еуросупер бс-95 ќе изнесува 81,5 денари за литар, Еуросупер бс-98 ќе се продава за 83,5, а екстра лесното масло за домаќинство (ел-1) за 71,5 денари за литар. Цената на Еуродизел (д-е v) и понатаму останува 72,5 денари за литар.