Оваа недела со последната одлука на Регулаторната Комисија за Енергетика, за половина денар се зголеми малопродажната цена на бензините, а на дизелот и екстра лесното масло за домаќинство остана непроменета.

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуросупер БС 95 изнесува 67 денари за литар, на Еуросупер БС 98  69 денари. Дизелот се продава по 61 денари, а екстра лесното масло за домаќинство по 51 денар за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 31,8 денари за килограм.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 1,61 отсто, кај дизелот има намалување во просек за околу 0,07 отсто, кај екстра лесното масло намалување во просек за околу 0,05 отсто и кај мазутот намалувањево просек за околу 3,09 отсто.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 55,43 денари и е за 0,033 отсто понизок од курсот на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка.

По продолжениот викенд кој е пред нас поради 8. Септемвтри, во вторник не чека ново поскапување или намалување на цените на горивата во државава.