Според статистичките податоци кои ги објави ДЗС Македонија има најниска просечна нето плата од земјите на бивша Југославија. Според Државниот завод за статистика просечната плата на Македонија изнесува 377 евра, која воедно е и најниска.

А додека со највисока е  Словенија која на крајот на 2017 година просечната нето плата се искачи на 1.062 евра. Во Хрватска според најновите податоци просечната плата изнесува 835 евра.

Следува Црна Гора, во која, според најновите податоци на црногорскиот Завод за статистика, просечната плата последните месеци од 2017 година изнесувала 512 евра. Србија пак, има просечната плата од околу 459 евра.

Најниска просечна плата на Балканот имаат БиХ и Македонија.

Во БиХ просечната плата се движи до 440 евра.