Минатата година Хрватска ја завршила со најголем процент на пораст на вработување во земјите од Европска унија, покажуваат податоците на Eurostat.

 

Вработеноста во Хрватска во последното тримесечје во 2017 година била за 3,8% поголема отколку во истиот период претходната година. Поголем пораст на вработеност во тој период, единствено имало во Малта и Естонија, но генерално, по сите критериуми на методологијата, Хрватска го држи првото место.

 

Податоците на Eurostat, не даваат одговор кои се главните причини за порастот на вработувањето во Хрватска, но, аналитичарите укажуваат дека тоа е резултат на подобрувањето на бизни климата во државата. Пред се, големо влијание имал порастот на туризмот, но и побарувачката на работната сила речиси во сите сегменти.

 

Податоците од статистиката покажуваат дека во првите два месеца од годинава, имало побарувачка од 50.211 работници, што е за речиси 5% повеќе од истиот период во 2017 година.