Стопанска Банка АД Скопје, членка на  НБГ – најголемата финансиска групација  во Југоисточна Европа е во потрага по нов член на тимот во Секторот за информатичка технологија, работна позиција Аналитичар/Програмер.

О Г Л А С

За прием на работник на работно место

Аналитичар/Програмер во Сектор за информатичка технологија

 

Кандидатот треба да ги исполнува следните квалификации:

  • Искуство во развој на веб и десктоп софтверски апликации со Microsoft Visual Studio во VB.NET и C#;
  • Познавање на работа со бази на податоци во Microsoft SQL Server;
  • ВСП – факултет за информатичка технологија или електротехника;
  • Минимум 2 години работно искуство како .NET програмер;
  • Одлично познавање на англиски јазик.

Лични карактеристики:

  • Комуникативна и динамична личност со способност за преземање на иницијативи;
  • Тимски дух, позитивен став  и однесување
  • Способност за работа под притисок, справување со стрес и извршување повеќе работи истовремено во кратки временски рокови;
  • Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето;
  • Висок личен интегритет, деловен и професионален однос.

Работното време е  8 часа дневно или 40 часа неделно. Работното време е со почеток од 8.00 часот до 9.00 часот и крај од 16.00 часот до 17.00 часот. Банката нуди динамична, квалитетна и пријатна работна средина, дополнителна обука и можности за стручно усовршување и професионален напредок на своите вработени.

Вашето CV (кратка биографија) на англиски и македонски јазик да го доставите најдоцна до 21.05.2021 година, онлајн преку апликацијата за пројавување интерес, преку e-mail: [email protected], или во седиштето на Банката на ул. 11 Октомври, бр. 7, 1000 Скопје со назнака за кое работно место аплицирате. Лице за контакт, Даниела Радевска, тел.02/3295-277.

Банката ќе изврши избор во законскиот рок, согласно бројот на пријавени кандидати.

Само селектираните кандидати ќе бидат известени и повикани на интервју.