Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нуди брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому.

Тимот на ТИГО Фајнанс се состои од професионалци од областа на финансии, грижа за корисници и ИТ.

Поради брзиот раст на компанијата и ширење на мрежата подружници, потребни им се амбициозни колеги кои ќе ја пополнат позицијата:

Експерт за кредитирање во филијала Кавадарци и Кичево

Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и ориентиран кон резултати, со цел градење на успешна компанија, притоа имајќи позитивен став во обезбедување на исклучителни услуги кон корисниците.

Позицијата вклучува:

  • Навремена и ефикасна услуга за корисници вo подружница
  • Пополнување на барања и аплицирање во име на корисници
  • Едукација на корисници преку обезбедување транспарентни информации за услугите
  • Анализа на ризик и одобрување на кредити
  • Нудење можност за продолжување на рок за отплата
  • Работа со готовина
  • На оваа позиција вработениот одговара пред Менаџер на центар за грижа на корисници

Профил на кандидат:

  • Релевантно искуство од најмалку 1 година
  • Познавање на англиски јазик
  • Вештини за преговарање и убедување
  • Одлични комуникациски и продажни вештини
  • Внимание на детали и ориентираност кон резултати
  • Флексибилност за работа од понеделник до сабота
  • Можност за обука во Скопје во времетраење од две недели

Услови од компанијата:

  • Современа и најнова технологија
  • Можност за напредување
  • Динамични работни услови во брзорастечка компанија

Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, испратете Ваша биографија и писмо за мотивација на македонски јазик на [email protected], најдоцна до 

Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите во Законот за работните односи. ТИГО Фајнанс го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.

Со самото аплицирање, кандидатот се согласува неговите лични податоци наведени во биографијата и мотивационото писмо да бидат чувани во базата на податоци и обработувани од ТИГО Фајнанс во рок од 1 година од денот на истекот на рокот за избор. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци согласно Законот за заштита на лични податоци.