Службата за човечки ресурси на Стопанска Банка а.д. Битола за потребите на Секторот за процесирање, Служба за платен промет во земјата, објавува

ОГЛАС
за ангажирање еден (1) извршител на работното место раководител.

Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните услови:

 Економски факултет,
 Најмалку пет години работно искуство во банка,
 Одлично познавање на законската регулатива за платниот промет во земјата
 Одлично познавање на англиски јазик,
 Одлично познавање и работа на компјутер (MS Office),

Дел од работните задачи и одговорности на работното место:

 Раководи и ја организира службата во сите домени на работењето,
 Се грижи за спроведувањето на законите и другата банкарска регулатива во доменот на платниот промет во земјата,
 Изготвува политики и процедури за работа на сите банкарски производи во надлежност на службата,
 Изготвува договори за користење на разни дополнителни услуги и сервиси на Службата за платен промет,,
 Изготвува Одлуки/Заклучоци за измена и дополнување на Тарифата на надоместоци
 Контролира пропишани интерни и екстерни извештаи,
 Врши периодична контрола на документи за отварање, измена и затварање на сметки,
 Врши периодична контрола на блокирани сметки на правни лица,
 Врши периодична контрола на издадените потврди по барање на комитентите,
 Ја врши функцијата на одговорен службеник за работа со МИПС,
 Ја врши функцијата на службеник за контакт и размена на податоци со МИПС и КИБС,
 Дава насоки во разрешување на евентуални проблеми настанати при приемот и обработката на налозите при секојдневното работење на сите експозитури,
 Извршува и други обврски и има други одговорности на барање на претпоставениот и членовите на УО.

Лични карактеристики и вештини потребни за работното место
– Работливост,
– Личен интегритет,
– Доверливост,
– Способност за работа под притисок и во кратки рокови,
– Toчност,
– Комуникативност,
– Креативност,
– Добри организациски и управувачки вештини,
– Способност за препознава и рангира приоритетни зададчи и да предлага рокови за извршување,
– Добри интерперсоналнии комуникациски вештини за воспсотавување односи со персоналот,
– Способност да анализира, интерпретира и презентира законска рамка,
– Иницијативност и способност да дава нови идеи,
– Организациски и вештини за планирање и управување со сопственото време за да се почитуваат поставените рокови и цели,
– Способност за медијаторство,
– Способност за презентација,
– Работа на компјутер,
– Возачка дозвола Б категорија.

Потребата за ангажирање на еден извршител на ова работно место се однесува за работно место на локација Битола. Ќе се разгледуваат исклучиво апликациите на кандидатите кои имаат искуство во познавањето на работењето на платниот промет во земјата и законската регулатива.

Заинтересираните кандидати да испратат мотивациско писмо и кратка биографија (CV) на македонски јазик, во рок од 5 (пет) дена од денот на објавувањето на огласот на следнaта адреса: [email protected] со назнака во Subject  „За раководител за платен промет во земјата“.