Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на квалитетни и високо мотивирани лица заинтересирани за следниве работни места:

1.     Соработник за клиентска услуга и тоа:

  • Филијала Скопје – 3 лица
  • Филијала Куманово – 1 лице
  • Експозитура Пробиштип – 1 лице

Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.

Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот

Неделно работно време: понеделник – петок

За ова работно место предвидена е солидна почетна нето плата како и можност за дополнителни бонуси и награди во согласност со вложениот ангажман и остварените резултати.

Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања:

–  Најмалку високо образование од областа на економските науки;

–  Солидно познавање на англиски јазик;

–  Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери,

Избраниот кандидат треба да поседува:

–  Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;

–  Одлични комуникациски способности;

–  Позитивен приод кон работата;

–  Висок степен на прецизност.

 

2.     Соработник за работа во благајна во Филијала Скопје – 2 лицa

Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.

Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот

Неделно работно време: понеделник – петок

Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања:

–  Високо образование од областа на економските науки или завршено средно економско училиште со најмалку тригодишно искуство со работа во благајна;

–  Солидно познавање на англиски јазик;

–  Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери.

Избраниот кандидат треба да поседува:

–  Одлични комуникациски способности;

–  Позитивен приод кон работата;

–  Висок степен на прецизност во работењето.

Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV и пропратно писмо на [email protected] .

Огласот ќе биде активен заклучно со 28.02.2018 година.

Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување.  Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.

Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.