На својата редовна, 102-ра седница Владата го усвои предлог-законот за изменување и дополнување на законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити. Целта на предлог-законот е да се ограничи годишната стапка на вкупни трошоци на потрошувачките кредити.

Со тоа, корисниците на кредити нема да плаќаат прекумерни трошоци и ќе се минимизира ризикот од понатамошно влошување на состојбата на корисниците на кредит коишто имаат проблеми со отплата на истиот.