Сите млади луѓе од земјава кои имаат старт-ап бизниси ќе бидат силно поддржани да останат во Македонија, државата ќе им биде партнер да пораснат, да застанат на свои нозе и да се развиваат, изјави денеска вицепремиерот Кочо Анѓушев пред почетокот на настанот по повод Европската недела на старт-апи 2018.

Анѓушев изрази надеж дека по неколку години ќе може да се констатира оти во Македонија има дух на претпримеништво и здрава економија.

По неколку години, како што рече, ќе може да се констатира дека во земјава има дух и на претпримеништво и здрава економија.

– Владата интензивно ќе вложува во воспоставување услови за младите, кои сакаат да отворат и да ги развиваат своите бизниси, кои ја гледаат својата иднина во Македонија. Државата нуди и ќе нуди уште повеќе, истакна директорот на Фондот за иновации, Јован Деспотовски.

Според него интересот за отворање старт-апи се зголемува. Изминатите шест месеци е огромен. Двата повика на Фондот се завршени, а пријавени се многу квалитени проекти. Потпишани се договори со 20 нови компании, кои добија средства преку владините програми за развивање сопствен бизнис.

На настанот насловен „Од искра со успех“, тројца сопственици ќе ја раскажат својата приказна, вицепремиерот Анѓушев за Фероинвест, Сашо Мацановски Трендо за Оффнет и Наташа Пешева за Ајстехнолоџи.