dogovor rusija saudiska arabijaЦените на нафтата на меѓународните пазари скокнаа над 50 $ откако од Виена доаѓаат информации дека производството може да биде намалено повеќе од очекуваното.

На лондонскиот пазар суровата нафта скокна за 3.83 $ во однос на претходното затворање и изнесуваше 50,21 $. На американскиот пазар цената на нафтата се зголеми за 3.63 $ и изнесува 48,86 $.

Вчера утро во Виена започна состанокот на претставниците на земјите членки на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), на кој се водат разговори за потенцијален договор за намалување на производството за поддршка на цените. Додека предходно пазарите се колебаа за постигнвање на договорот, сега се во фокусот е веста дека производството може да се намали повеќе од очекуваното.

Неименуван извор за Ројтерс изјави дека претставниците на членките на ОПЕК разговараат за намалување на производството на 1,4 милиони барели на ден, додека прелиминарниот договор постигнат во септември во Алжир предвиде намалување од еден милион барели дневно, 32,5 до 33.000.000 барели дневно. Во моментов се произведуваат 33,64 милиони барели на ден.

Во пресрет на состанокот, министерот за енергетика на Саудиска Арабија Kalid al-Falih изјави дека основите се движат во вистинската насока и дека групата е се “поблиску до договор”.

Претставникот на Ирак изјави дека ќе се постигне некаков вид на договор а оптимизам изрази и иранскиот министер за нафта. Иран и Ирак досега се спротивставуваа на притисокот од Саудиска Арабија за ограничување на производството.