Во насока на отворена, транспарентна и граѓанска Локална самоуправа, втор викенд по ред се одржуваат отворени денови на Општина Охрид, каде граѓаните кои презентираа идеи, предлози и решенија за подобар Охрид.

– Презентирани се интересни идеи и предлози. Среќен сум што Охриѓани во голем број ни пристапуваат со идеи и проекти и со тоа покажуваат дека Охрид ние подеднакво важен на сите, порача вчера градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков и ги повика Охриѓани и денеска да ја посетат општината во истото време со нови идеи и предлози.

На средбата со граѓаните, покрај градоначалникот Пецаков, предвидено е да присутвуваат и претседателот на Советот, секретарот, раководителите на сектори и одделенија од Општина Охрид, директорите на јавните претпријатија и дел од охридските советници.

И минатиот викенд охриѓани понудија бројни идеи и предлози, а дел од нив ќе бидат вклучени за реализација.