Дали ја знаете приказната за Велигденските Острови?

Оди вака, пред околу 1200 години, на овој остров живеела жива и напредна цивилизација која најверојатно стасала на овој остров со мали чамци од подрачјето на Микронезија, Папуа Нова Гвинеја или Андите од Јужна Америка. Не е до крај јасно од каде пристигнале. Но, како и да е, оваа цивилизација се населила тука, живееле мирно и удобно, но со тек на време, никој не знае зошто, почнале да ги градат овие камени монументи кои до пола се закопани во земја. Целото население и сите ресурси се насочиле кон екстракција на вакви карпи и нивно тркалање по островот на дрва т.е. стебла од дрва.

Тука, морам да признам, дека камениот изглед и поглед на овие беззначајни многутонски фигури, мене лично ми наликува на денешниот поглед и фацијална експресија која охриѓани денес ја имаат во уништувањето на природата и општеството во Охрид и околината. Невидена леснотија во уништувањето на она кое се создавало со милениуми досега на овој простор, и уништување на природата која со милиони години ја создавала оваа убавина.

Но, да се вратиме на Велигденските острови… Откако сите дрва биле иссечени за трупци, за да можат да се пренесуваат овие безначајни фигури на островот и да се поставуваат, земјата целосно еродирала и постанала необработлива. Еко системот се нарушил и производството на храна престанало. Ова довело до масовен глад и кавги, што резултирале со судири на населението меѓу себе, и кое на крај, во војна од полн обем, или се истребило меѓусебно или папсало од глад. Но јас мислам, дека како што пристигнале со мали чамци, така и го напуштиле островот и се населиле точно во Охрид…

Дессетици векови подоцна, со истите навики, овие идолопоклоници ( сегашниве идолопоклоници во Охридов не се следбеници на камениве статуи туку на евро-богот и денар-култот ), во друга форма го уништуваат активно и агресивно овој рајски остров, наречен Охрид, активно се градат одајчиња, се уништува природата, секое дрво се сече за да се изгради одајче-апартман во кој ќе биде сместен некој 2-3 недели, се фураат кајчиња и катамарани низ езерото во поголем обем одошто во било кое околно море, или дури и Босфорот. Се градат тотеми од неон на богот на парите, се дават во лаги за богот на парите. Трката за заземање простор и лакомијата за пари го доведе Охрид до ниво на непрепознатливост. Жална и смешна слика на ефтин адвертајзинг, сељачки поставки, панаѓурски донамби низ цел град. За тоа е резултат следното: Кое е коментар за Охрид од страна на влијателни патувачи и инфлуенсери во светот на туризмот:

Со вакви, а во иднина и ќе зачестат, препораки од странците, Охрид наскоро ќе остане и без некои сериозни туристи. Кој веќе би доаѓал во оваа кич, скапа и сељачка џунгла, која го изгуби својот сјај…

А тоа, ќе се случи точно во тој момент кога ќе биде дограден последниот апартман, на последното зеленило и кога целиот ендемичен свет во езерото ќе изумре од нафтата која ја фрлаат сељачкине катамарани и бротчиња и целото езеро ќе постане една застојана, безживотна бара и секако никој нема да доаѓа во ова лудило…

Со ова, охриѓани, ќе докажиме дека сме дојдени од Велигденските Острови, а после уништувањето и на оваа стара римска цивилизација, ќе се преселиме во Германија сите, да чистиме клозети и да разнесуваме пица во Офчарензбург…

 

Наум Димитровски