Холандските туристи ја избраа нашата земја за најпосакувана дестинација за патување.

Највисоко е оценета локацијата на државава ,рестораните,културата ,гостопримството и локалитетите.

Од градовите највисоко котира Охрид а веднаш зад него се Скопје, Битола и Струга . Истражувањето е спроведено од холандската платформа Reisgraag.nl која испитувајќи го  задоволството од услугата на холандските тур-оператори, земји и туристички места низ целиот свет  и додели златна награда на Македонија.

Доколку  се смири состојбата со пандемијата ова лето на брегот на Охридското езеро се очекува да има холандски и полски туристи.И покрај тоа што фокусот ќе биде ставен на домашните и гостите од регионот сепак туристичките работници се надеваат и на посетители од подалечните земји.

Од агенцијата за поддршка и промоција на туризмот се надеваат оваа година да има зголемување за 20 до 30 проценти на странски туристи и повеќе од два милиони ноќевања до крајот на годинава во нашата дестинација.