На 16 јули Централниот регистар на Република Северна Македонија донесе решение број 35020210017402 со кое правниот субјект Охридска банка АД Скопје е избришан од регистарот, поради статусна промена и решение број 35020210017401 за извршен упис на промена-присоединување за субјектот Шпаркасе банка Македонија АД Скопје.

Со издавањето на горенаведените решенија е завршена постапката на регистрацијата на присоединувањето на Охридска банка АД Скопје кон Шпаркасе банка Македонија АД Скопје, се вели во соопштението на банката.