Охридска банка ќе дели дивиденда за изминатата 2017 година во бруто износ од 68 денари за акција или вкупно 35,1 милиони денари, соопшти банката преку Македонската берза.

Последен датум на тргување со право на исплата на дивиденд е 30 мај, годинава, а дивидендата ќе почне да се исплатува на 12. јуни, годинава.