Во 2017 година на членовите на Надзорниот одбор Охридска банка по основа на надоместоци за присуство на седници и други надоместоци им беа исплатени вкупно 4.227.000 денари, соопшти банката во годишниот извештај обавен преку Македонската берза.

Во извештајната 2017 година, на членовите на Управниот одбор им биле исплатени вкупно 23.501.000 денари за бруто-плати, деловна и работна успешност и други примања во вкупен износ од 8.327.000 денари (или вкупна сума од 31 милиони денари или околу 517.000 евра).

 

Сметано од 17.07.2017, управниот одбор на Охридска банка работи во следниот состав: Бранка Павловиќ, претседател и член на Управниот одбор, Никола Миткоски, член на Управниот одбор и одговорен за Секторот за управување со ризици и Тома Пувро, член на Управниот одбор и одговорен за секторот операции.

Во текот на 2017 година, Надзорниот одбор на Охридска Банка АД Скопје работеше во следниот состав: Џовани Лука Сома, член на Надзорниот одбор до 15.03.2017 г., Жан-Филип Гијом, член на Надзорниот одбор, сметано од 15.03.2017 г., Алан Кону,член, Марија Русева, член, Цветанка Симоновска, независен член и1 Верица Хаџи Василева-Марковска, независен член.