Придружете се кон успешниот тим на професионалци, посветен кон издигнување на Охридска банка Сосиете Женерал во референтна банка во односите со клиентите.

Оваа цел може да се оствари само со вистинските луѓе и со вистинскиот тим – преку заедничка работа и градење на тимскиот дух.
Тимскиот дух – нашата прва вредност значи многу повеќе отколку само заедничка работа. Значи формирање цврсти и трајни релации засновани на почитување и доверба.

Професионализмот и иновацијата го дополнуваат тимскиот дух, а вредности кои ги цениме се и одговорноста и посветеноста кон остварување резултати.

Доколку себеси се препознавате во овие вредности, Ве покануваме да станете дел од меѓународна групација со над 150-годишна историја која може да ви понуди работа во динамично опкружување со бројни можности за обуки и развој, на позицијата:

Администратор за сигурносни системи и стандарди во ИТ

 

ГЛАВНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:

  • Активностите ги реализира во директна соработка со Раководителот на Службата за ИТ инфраструктура, интеграција и сервиси, Директно соработува со ИТ администраторите и ОСИС на Банката.
  • Предлага планови и ја подготвува документацијата за дистрибуција на сигурносните надградби на оперативните системи и комерцијалните системски апликации;
  • Ги координира активностите на администраторите и на надворешните партнери во случај на СЛА-договори;
  • Директно учествува во реализацијата на активностите за дистрибуција на сигурносните надградби на сите системи, предлог на решенија за нивно управување и подобрување;
  • Подготвува акциски планови и врши контрола на реализацијата на активностите поврзани со управувањето на слабостите (Qualis) и изработка на решенија поврани со примената на стандардите за зајакнување на ИТ системите;
  • Врши проверка и ги потврдува безбедносните аспекти на измените на ИТ системите и пред нивното поставување во продукција
  • Подготовува предлог акциски планови и директно учествува во активностите поврзани со надминување на слабостите на ИТ-системите утврдени преку ПЕН-тестови;
  • Директно учествува во изработката на решенија и во подготовката на акциски планови и координација на спроведувањето на активностите поврзани со барањата на Груацијата Сосиете женерал и во примената на локалната регулатива во делот на сигурност на информативните системи;
  • Активно ги следи процесите за бекап и врши редовна контрола, директно учествува во реализацијата на активностите поврзани со бекап инфраструктура;
  • Ја ажурира и ја води документацијата поврзана со ИТ- ДР- локацијата и ги применува оперативните процедури за активирање на ДР- локацијата;
  • Одговорен е за проверка на резервните ИТ-решенија и за нивната дневна продукција, како и за периодична проверка за усогласеност на поставените технички конфигурации;
  • Раководи со системите на ИТ- ДР локацијата, освен делот на мрежна инфраструктура;

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Високо образование – ЕТФ или ФИНКИ, отсек КТИА или друг соодветен факултет од областа на компјутерските технологии и инженерство;
  • Претходно искуство и познавање на оперативниот систем Microsoft, сервери на бази на податоци и базични принципи на мрежна инфраструктура;
  • Потребно е познавање/искуство/и-или сертификација во делот на примена на најдобри практики за сигурност на ИС (управување со надградби, управување со слабости, зајакнување…);
  • Аналитички вештини и способност за изработка на предлог-решенија и спецификации;
  • Напредно познавање на англиски јазик
  • Солидно познавање на Microsoft Office;
  • Способност за тимска работа, водење и координација на тим од различни ИТ-профили и бизнис корисници;
  • Одговорна, прецизна, проактивна личност, ориентирана кон постигнување резултати

За предност ќе се смета:

  • Претходно искуство во водење проекти за примена, надградба и развој на ИТ-системи и ИТ-проекти;
  • Специјалистички познавања на ИС-архитектура;
  • Практичното искуство и/или сертификати во делот на управување со ИТ-ризиците се смета за предност;

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да испратат Професионална биографија (CV), најдоцна до 20.05.2018 год. на : [email protected] со задолжителна назнака „Апликација за Администратор за сигурносни системи и стандарди во ИТ“.

Со испраќање на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од Банката во рок од една (1) година.

Напомена:

  • Апликациите без назнака нема да бидат разгледувани.
  • Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.