Оперативната добивка на Охридска банка за 2017 година, пред оданочување, изнесува 388 милиони денари и е резултат на порастот на нето-приходите од камати и нето-приходите од провизии, зголемувањето на нето-приходите од курсни разлики, зголемувањето на другите приходи, но и повисокиот раст на исправката на вредноста на финансиските средства, соопшти банката во годишниот извештај за работењето објавен преку Македонската берза.

„Споредено со остварениот резултат за истиот период минатата година резултатот за 2017 година е за 20,5 % понизок поради значајното влијание на порастот на исправката на вредноста на финансиските средства“, пишува во извштајот.