По успешно завршениот Скопски маратон, средствата собрани за секој истрчан километар во вкупен износ од 75.000 денари беа насочени кон Асоцијацијата за деца и младинци со посебни потреби “Ластовица” од Скопје, кои во соработка со Посебното основно училиште за ученици со пречки во психофизички развој и аутизам “Др. Златан Сремец” од Скопје оваа година за прв пат учествуваa на 12-ти Меѓународен Специјален Атлетски Фестивал во Истанбул, Турција.

На овој фестивал учествуваа 10 деца и младинци со даунов синдром и интелектуална попреченост каде што достојно ја претставуваа нашата земја и од каде што се вратија со медали, пехар и признанија.