“Ве известуваме дека старите ОТП токени (Уреди за генерирање на еднократна лозинка) нема да може да се користат за најава на електронското банкарство за физички лица после 08.06.2018 година. Ве молиме посетете ја најблиската експозитура и извршете замена на вашиот ОТП токен со новиот мобилен токен (М-токен). Мобилниот токен е мобилна апликација за
генерирање на еднократна лозинка”- стои во соопштението на банката.

Апликацијата М – токен е бесплатна за сите корисници и истата е достапна на Google Play Store или Apple App Store. Апликацијата е достапна на македонски, албански и англиски јазик. Покрај мобилниот токен на располагање ви стои и стандардниот УСБ токен.

Замената може да се направи во сите експозитури на банката најдоцна до 08.06.2018.