Како ексклузивна банкаОхридска Банка Сосиете Женерал  ќе го поддржи 6-тото издание на Codefest-Tech фестивалот, OBSG ќе ја искористи можноста да покани 15 до 20 учесници на Open Day во Централната експозитура во Охрид со почеток во 14:00 часот.

 

 

 

Г-ѓа Билјана Андревска – Заменик-директор за операции ќе ги презентира активностите на Групацијата Сосиете Женерал на меѓународно и локално ниво, како и организацијата на Банката и главните функционални активности, а Раководителот на информатичка технологија Милчо Христоски ќе го претстави темпото на дигитализација и локалните активности на #OBSG, проекти и развојот на дигитализацијата.