На еден месец до доаѓањето на првите организирани групи со странски туристи во Охрид и Струга, хотелиерите и угостителите од регионот се соочуваат со сериозни проблеми. Тоа се високите цени на прехранбените производи на пазарот, што веќе влијае на зголемување на цените на туристичките аранжмани за ова лето и до 30%. Велат дека не забележуваат дека има намалување како што се ги уверува Владата.

  • – „Побарувачка има, но ќе видиме каква ќе биде реализацијата, крајното тоа е. Сè уште не се стабилизирани цените и сè уште не е доволно за ние да направиме корекција на нашите цени“, рече за „Алсат-М“ Ана Јанчева – менаџер на хотел.
  • – „Очигледно е дека нема некое драстично намалување. Ако има некаде еден денар поевтинување, а поскапело претходно 10 денари“, додаде за „Алсат-М“ Крсте Блажески – претседател на Хотелска асоцијација на Македонија.

Дополнителен проблем за поголемите хотели на охридското крајбрежје е и тоа што тие се на отворениот пазар за снабдување со струја. За да добиваат субвенции од државата, многу од нив биле принудени од големи фирми, да направат повеќе мали.

Првите групи со странски гости ќе бидат оние од Холандија кои се планира да пристигнат на почетокот на мај. Инаку, после привременото затворање зимава поради високите цени на струјата и производите, поголем дел од хотелите пролетва повторно отворија.