Изградбата на хидроелектраните долж течението на Црн Дрим е една од најнесреќните одлуки донесени од постоењето на современата македонска држава. Ова е ставот на експертите кои посочуваат дека Охридското Eзеро на овој начин се користи како акумулација и дека несоодветното искористување на водниот потенцијал му нанесува огромни штети на животинскиот и растителниот свет. Тие бараат измени во договорот со Албанија и поставување софистицирана опрема за контролирано испуштање на езерската вода…