Пандемијата на коронавирусот веќе остави милиони Американци во многу тешка економска ситуација. Скоро 50 милиони луѓе во САД веќе гладуваат и зависат од социјалните кујни. Со секој изминат ден, сиромашните стануваат се повеќе и повеќе сиромашни, пишува Дојче веле.

Сè повеќе Американци веќе немаат идеја како да плаќаат кирија, струја и храна. Дури и пред кризата со коронавирусот, 35 милиони едвај врзуваа крај со крај. Според „Фидинг Америка“, во меѓувреме, скоро 50 милиони Американци немаат доволно пари за храна. Семејствата со деца се особено погодени.

На многу места во Соединетите држави има долги редици пред социјалните кујни. Како во една од населбите во Њу Орлеанс. Околу полноќ меѓу 150 и 200 автомобили се наредени таму. Многумина од нив продолжуваат да чекаат во текот на денот – додека не дојде редот да добијат храна.

Афроамериканците и Латиноамериканците се особено силно погодени од пандемијата како резултат на сиромаштијата. Патем, тие се најпогодени и во однос на здравствената заштита.

Поради големиот број на пациенти со КОВИД во САД, вакцината Pfizer & BioNtech доби итно одобрување од американската Администрација за храна и лекови (FDA) во петокот. Претседателот Доналд Трамп го поздрави почетокот на кампањата за вакцинација.

“Дадена е прва вакцина. Честитки за САД, честитки за СВЕТОТ!”, напиша тој на Твитер.

Програмата за вакцинирање Warp Speed ​​на Белата куќа има за цел да имунизира 100 милиони луѓе до април. На глобално ниво, Соединетите држави се на прво место по бројот на смртни случаи – скоро 300.000 луѓе.