Турција од вчера ја укина забраната за извоз на домати, воведена на 2 март, јави БТА, повикувајќи се на турската приватна телевизија НТВ. Министерството за земјоделство и шумарство на Турција пред неколку дена воведе привремено ограничување на извозот на домати до 14 април поради наглото зголемување на нивните цени во земјата и поради последиците од катастрофалниот земјотрес што погоди 11 провинции.

Ова го направи неопходно да се преземат мерки за „гаранција за безбедност на храната и стабилизирање на цените“. Сепак, мерката предизвика силна негативна реакција на локалните производители, дури доведе до блокада на автопатиштата. Така, со одлука објавена во турскиот државен весник, од денеска е укината забраната за извоз на домати. Веста за прекинот на извозот предизвика загриженост и во Бугарија, објави „Сегабгњус“, бидејќи Турција е главен извозник на домати во земјата.

Според податоците на Министерството за земјоделство, од вкупно увезените 75.000 тони овој зеленчук во првите 10 месеци од минатата година, 46.000 тони се од Турција. Пред да се дознае информацијата за повторен извоз на турски домати, експерти за БНР објаснија дека може да се очекува нивната цена на пазар да достигне 2,5 евра за килограм на големо и до 3,5 евра на мало.