Целта на „онлајн“-семинарот е да се разработат темите кои се однесуваат на постапување со  барањата и решенијата за годишни одмори на вработени од моментот на нивно создавање, креирање, селектирање и нивно предавање  на чување во архива. 

Програма на семинарот:
–    Закон за архивски материјал;
–    Помошна евиденција во канцелариското работење;
–    План и листа на архивски знаци со рокови на чување на документи (општ дел);
–    План и листа на архивски знаци со рокови на чување на документи (посебен дел);
–    Прегледување и распоредување на документи и записи;
–    Составување комисија за избор и ништење на документи;
–    Распоредување документи по интерни доставни книги;
–    Разведување и класифицирање документи по организациони единици;
–    Одлагање решени документи во архива;
–    Евидентирање на архивскиот материјал;
–    Заштита, обезбедување и користење на архивскиот
и документираниот материјал во  соодветен простор и стандардна опрема;
–    Сопствена евиденција во процес на архивирање;
–    Воспоставување на ефикасен систем за управување со документи;
–    Правилна класификација и рокови на чување на документација;
–    Организација и надзор на документиран систем;
–    Упатство за начинот и техниката на постапување со архивскиот
и документарниот материјал во канцелариското и архивското работење
–    Уредба за канцелариско и архивско работење;
–    Правилник за кадровски, технички и просторни услови за работа на документарните центри;
–    Упатството за начинот на одбележување на документите со подолги рокови на користење.

Целна група за семинарот:

-директори, раководители на сектори за нормативно-правни работи и човечки ресурси во компаниите, вработени во компаниите задолжени за архивско и канцелариско работење, како и за сите заинтересирани субјекти чиј предмет на работење е поврзан со темите на семинарот, како и за сите оние кои во своите компании и институции сакаат да ги подобрат и да ги унапредат техниките на  канцелариското и архивското работење, да се информираат околу Законот архивски материјал, Уредбата за канцелариско и архивско работење.

Предавач:
-м-р Валентина Тодоровска, магистер по економски науки, специјалност финансиски менаџмент, управител на „Акаунтинг Солушнс“ со 25-годишно искуство во областа на архивското работење.

Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 19.08.2022 годин