Борис Џонсон ја посети Шкотска да се обиде да ги покаже придобивките од Обединетото Кралство како моќен сојуз на четири земји кои работат заедно за надминување на пандемијата, пренесува Блумберг.

Наместо тоа, имаше подлабока дебата околу тоа дали треба да и се дозволи на Шкотска да одржи нов референдум за независност само седум години по последното гласање за ова прашање.

Британскиот премиер ги отфрли повиците за ново гласање и инсистираше дека дури и активистите за независност, вклучително и шкотскиот лидер Никола Старџен, во тоа време се согласија дека референдумот во 2014 година беше настан од една генерација.

„Всушност, не знаеме што треба да постигне овој референдум“, рече Џонсон во едно интервју. „Не знаеме што ќе се случи со армијата, не знаеме што ќе се случи со короната, со фунтата, со Министерството за надворешни работи.

Премиерот истакна дека кога работат заедно, четирите нации во Велика Британија можат да здружат ресурси и да се борат против пандемијата.